За Нас

Ваш партнер за долгорочен успех

Со повеќе од три децении искуство, силен тим и јасна визија, Галоп ДВ останува посветен партнер кој обезбедува стабилност, сигурност и раст за секој бизнис.

Традиција на доверба

Историја

Основана во 1994 година со 100% приватен капитал од едно лице, денес нашата компанија брои 20 вработени. Уште од самиот почеток се позиционира како стабилен и доверлив партнер во областа на сметководството и консалтингот. Во текот на повеќе од три децении работа, компанијата бележи континуиран раст, позитивни резултати и постојано проширување на своето портфолио на клиенти – домашни и странски компании од различни индустрии. Нашата долгорочна присутност на македонскиот пазар е доказ за квалитетот, професионалноста и довербата што ја уживаме кај нашите партнери.

Визија

Да останеме компанија која постојано расте и се развива на долг рок, обезбедувајќи сеопфатни и современи сметководствени и консалтинг услуги за домашни и меѓународни клиенти. Нашата визија се темели врз високи етички стандарди, иновативен пристап и стремеж кон постојано подобрување на услугите.

Мисија

Нашата мисија е да бидеме вистински партнер на нашите клиенти – компанија која се грижи за нивните интереси и раст. Врз основа на високите етички и професионални вредности, работиме на тоа да понудиме широк спектар на сметководствени и консалтинг услуги, кои ќе обезбедат сигурност, ефикасност и поддршка во нивното деловно работење.

Вредности

Нашите вредности ја отсликуваат културата и начинот на кој ја спроведуваме нашата визија. Тие не се само зборови, туку принципи што секојдневно ги практикуваме во соработката со клиентите, вработените и партнерите: Традиција, Доверба, Посветеност, Иновативност, Тимска работа.

Довербата која ја градиме

Рецензии

Нашиот тим

Тимот што стои позади вас

Зад нашата работа стои тим од луѓе кои веруваат во доверба, транспарентност и чесна соработка. Секој од нас вложува лична енергија и посветеност за да најде најдобро решение за Вашите потреби. Веруваме дека добриот однос со клиентите е основа за успешна соработка.

Нашата најголема сила се луѓето зад бројките. Тимот на Галоп ДВ е составен од професионалци со различни експертизи во сметководство, даноци и бизнис консалтинг.

Нашите партнери

Нашиот успех го должиме и на довербата и соработката со нашите партнери.
Заедно градиме стабилни и долгорочни односи кои овозможуваат подобри услуги и поголема вредност за нашите клиенти.

Кариера

Изгради ја твојата иднина со Галоп ДВ

Во Галоп ДВ веруваме дека луѓето се нашата најголема предност. Нашиот тим е двигател на успехот и токму затоа вложуваме во неговиот развој, мотивација и професионална етика. Ако сакаш да бидеш дел од стабилна компанија и да учиш од најдобрите во областа на сметководството и консалтингот – тогаш вистинското место за тебе е тука.

Зошто да се приклучиш кај нас?

Можност за професионален раст и обуки

Работа со домашни и меѓународни компании

Тимска атмосфера со високи етички вредности

Современи системи и напредни алатки за работа

Стабилна и доверлива компанија со докажана репутација

Мотивациска средина која поттикнува личен развој

Во моментот нема отворени работни позиции, но доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на нашата е-пошта и ќе Ве контактираме при идни можности.