Сметководствени услуги

Сметководството е основа на секое успешно работење. Преку точни и навремени информации, компаниите добиваат јасна слика за својата финансиска состојба и можат да донесуваат правилни одлуки за идниот развој. Без разлика дали станува збор за домашни или странски компании, сметководствените услуги се неопходни за стабилно и законски усогласено работење.

Зошто се важни?

  • Финансиска прегледност: Сопствениците и управителите добиваат јасна слика за состојбата на компанијата
  • Усогласеност со закони: Сметководството гарантира дека сите обврски се навремено исполнети според македонските и меѓународните стандарди
  • Флексибилност: Секој бизнис е различен, затоа сметководствените услуги мора да се прилагодат на неговите специфични потреби

Како помагаме ние?

ГАЛОП ДВ нуди сметководствени услуги за компании од различни индустрии. Нашата работа вклучува:

  • Месечно книжење во согласност со важечките локални и меѓународни стандарди;
  • Поддршка при корпоративно оданочување и известување за даночни цели;
  • Работа со современи сметководствени системи кои обезбедуваат точност и ефикасност;
  • Информирање на клиентите за сите измени во локалното законодавство поврзано со даноци и финансии.

Плата и социјални придонеси

Пресметката на плата и социјални придонеси е еден од најчувствителните процеси во секоја компанија. Точноста, навременоста и усогласеноста со законите се клучни – секоја грешка може да доведе до незадоволство кај вработените или до казни од институциите.

Зошто е важно?

  • Прецизност и доверба: Вработените очекуваат навремена и точна исплата на својата плата
  • Законска усогласеност: Редовно следење на законските промени обезбедува сигурност дека компанијата работи правилно
  • Трошоци и анализа: Со детални извештаи, менаџментот добива увид во структурата на трошоците за плати и придонеси

Како помагаме ние?

ГАЛОП ДВ обезбедува целосна услуга за пресметка на плати и придонеси, која вклучува:

  • Подигнување на КОД за плата и подготовка на целата документација за регистрација;
  • Внесување на податоците за вработените во системот за пресметка;
  • Испраќање обрасци и табели за собирање на податоците за плата;
  • Обработка на добиените податоци во современ систем за пресметка;
  • Подготовка и испраќање на декларации и пратења документи кон институциите;
  • Редовно информирање за сите измени во регулативата кои влијаат на платите и придонесите.

Даноци и даночно советување

Даночните обврски се неизбежен дел од секое деловно работење. Без разлика дали станува збор за мал бизнис или за сложена корпоративна структура, правилното пресметување и навремено поднесување на даноците е од клучно значење за стабилноста и усогласеноста со законот.

Зошто е важно?

  • Секој чекор има даночна импликација: Од инвестиција во нова опрема, до исплата на дивиденда или зголемување на платите
  • Сложени прописи: Даночните закони и меѓународните договори често се комплицирани и бараат стручно толкување
  • Минимизирање на ризици: Неправилно пополнети декларации или погрешно пресметани давачки можат да резултираат со казни и финансиски загуби.

Како помагаме ние?

ГАЛОП ДВ обезбедува целосна поддршка во делот на даноците, прилагодена на потребите на клиентите:

  • Пресметка и консултации за ДДВ, персонален данок и данок на добивка;
  • Советување и поддршка при пресметка на задржан данок, царини, акцизи и локални давачки;
  • Пресметка на социјални придонеси и усогласување со законските обврски;
  • Подготовка и поднесување на даночни пријави и декларации;
  • Поддршка при даночни ревизии и инспекциски проверки;
  • Применa на договори за избегнување на двојно оданочување и подготовка на придружна документација.

Финансиски извештаи

Финансиските извештаи се „огледало“ на секоја компанија. Тие не се само бројки, туку приказ на резултатите, состојбите и можностите на едно претпријатие. Врз основа на нив се носат најважните деловни одлуки – од инвестиции и проширување, до оптимизација на трошоци и управување со ризици.

Зошто е важно?

01

Прегледност и транспарентност

Финансиските извештаи овозможуваат јасна слика за тоа каде се наоѓа компанијата

02

Навремени информации

Со редовни извештаи, менаџментот има можност навремено да реагира и да донесе одлуки засновани на факти

03

Усогласеност со законите

Известувањето е задолжително пред институциите и неговата правилна подготовка е клучна за избегнување казни и проблеми

Како помагаме?

ГАЛОП ДВ обезбедува целосна поддршка во подготовка на финансиски извештаи, прилагодена според потребите на клиентите:

  • Периодични извештаи (месечни, квартални, полугодишни, годишни);
  • Годишна пресметка – целосна подготовка на завршни сметки;
  • Поднесување извештаи до УЈП, НБРМ и Статистика;
  • Подготовка на внатрешни компанииски извештаи за 1, 3, 6 или 12 месеци.

ПРЕДИЗВИКАЈ СЕ ДА БИДЕШ ДЕЛ ОД НАЈДОБРИТЕ.

Консалтинг

Во модерното деловно окружување, компаниите постојано се соочуваат со предизвици и потреба од брзи, но добро информирани одлуки. Финансиските прашања често знаат да бидат сложени, а секоја грешка може да резултира со дополнителни трошоци или изгубени можности.

Зошто е важно?

Стратешка поддршка

Со вистински совет во вистинско време, компаниите можат да донесат одлуки кои носат раст, а не ризик.

Специјализирано знаење

Секој бизнис нема потреба и можност да вработи експерт за секоја област – затоа консалтингот е најефикасно решение.

Флексибилност

Со надворешни советници, компаниите добиваат експертиза „по потреба“, без дополнителни трошоци.

Буџетирање и планирање

Во динамична бизнис средина, планирањето на иднината е еден од најважните чекори за успех. Без јасна слика за тоа како ќе се движат приходите, трошоците, обврските и побарувањата, компаниите ризикуваат да донесуваат одлуки „во темнина“. Токму затоа, буџетирањето и проекциите се клучен дел од стратегијата на секое претпријатие.

Зошто е важно буџетирањето?

  • Обезбедува контрола на трошоците и навремено следење на финансиските текови;
  • Го олеснува донесувањето одлуки базирани на податоци, а не на претпоставки;
  • Дава јасна насока за идниот развој на компанијата;
  • Помага во рано откривање на ризици и финансиски предизвици.

Како помагаме ние?

Галоп ДВ им нуди на своите клиенти целосна поддршка преку:

  • Детална анализа на сегашните резултати и финансиското работење;
  • Изработка на буџети и проекции за следните месеци или години;
  • Проекции во Биланс на успех и Биланс на состојба, за јасно прикажување на идните состојби;
  • Подготовка на конкретни препораки за подобрување на профитабилноста и финансиската стабилност.

Придобивки за менаџментот
Со вакви анализи и проекции, раководството на компанијата добива јасна финансиска мапа за иднината. Тоа овозможува подобро користење на ресурсите, сигурност во инвестициите и поставување на остварливи, но амбициозни цели за раст.

Администрација

Секое претпријатие мора да се соочи со административни процеси, кои често бараат многу вложен труд и време. Од пријави и одјави на вработени, до подготовка на налози и комуникација со институции, секојдневните административни обврски бараат прецизност, брзина и добро познавање на процедурите.

Зошто е важно?

01

Законска усогласеност

Секое доцнење или грешка во административните постапки може да резултира со казни, затезни камати или непотребни проблеми со институциите

02

Заштеда на време

Менаџментот и вработените можат да се фокусираат на своето основно работење, наместо да се занимаваат со документација и формалност

03

Организација и ефикасност

Добро уредена администрација значи дека сите документи се достапни, евиденциите се ажурни и нема ризик од пропуштени рокови

Галоп ДВ

обезбедува целосна поддршка во административните процеси поврзани со деловното работење. Нашата услуга опфаќа:

-Пријава и одјава на вработени во АВРМ;
-Администрирање и извршување на плаќања преку е-банка;
-Водење евиденција и известување за поштенска кореспонденција;
-Подготовка и администрирање на барања до УЈП (исплата на дивиденда, задржан данок, барања за ослободување од двојно оданочување и слично).

Со оваа услуга добивате сигурност, брзина и професионалност во секојдневното административно работење.

Поддршка кога Ви е најпотребна

Не чекајте да се појават проблеми. Контактирајте не и заедно ќе најдеме најдобро решение.