Сметководствени услуги

Галоп ДВ нуди сметководствени услуги за домашни и странски компании кои работат во Македонија. Сметководствените информации добиени брз основа на деловните активности/настаи, ќе им овозжможат на управителите и сопствениците да ја видат финансиската состојба. Без оглед на големината и видот на нашите клинети, ГАЛОП ДВ е во состојба да ви понуди флексибилен систем кој ќе одговара на финансиските и сметководствените процеси воспоставени во организацијата, така што клиентот ќе може да управува со нив на начин што ќе има можност за развојот на својата деловна активност. ГАЛОП ДВ ја олеснува работата и комуникацијата со локалните даночни власти и ги информира клиентите за важните измени во локалното законодавство во делот на даноци и финансии.

Клиентите за кои ГАЛОП ДВ ги обезбедува своите услуги се во различни индустрии, како што се информатичка технологија, трговија, индустриско производство, недвижнини и градежништво, професионални услуги. Месечно книжење е во согласност со важечките локални и меѓународни стандарди за корпоративно оданочување и известување за даночни цели. Книжењата се спроведуваат во најсовремени сметководствени системи, согласно македоснките и меѓународните стандарди.