Пресметка на плата и социјални придонеси

Галоп ДВ за своите клиенти обезбедува пресметка на плата и социјални продонеси преку современ систем за следење и анализа на трошоците за нето и бруто плата на компаниите. Пресметката е согласно локалните закони и обезбедува сигурна комуникација меѓу нас и нашите клиенти.

Системот на пресметка обезбедува повеќе видови на извештаи за пресметаните плати и социјални придонеси со што на менаџментот на компаниите им обезбедува анализи и контрола. Галоп ДВ редовно ги следи измените во легислативата и ги информира клиентите за настанатите промени.

  • подигање КОД за плата и подготовка на документација за регистрација
  • внесување на податоците за вработените во системот за плата
  • испракање обрасци-табели за податоци за плата
  • обработка на добиените податоци во системот за плата
  • испракање декларација и пропратини документи за плата