Пресметка на даночни обврски

Во зависност деловна активност или комплексноста на корпоративна структура на нашите клинети, оданочувањето значително влијае на секој финансиски и деловен чекор што го презема клиентот. ГАЛОП ДВ е фокусиран на вистинскиот пристап кон управување со даночните ризици, без оглед на видот на организацијата и индустријата во која се работи.

Толкувањето даночни закони и важечките меѓународни договори се неопходни за комуникација со даночните власти во Макеоднија, со цел да ги минимизирате даночните ризици со сеопфатни даночни советодавни услуги во делот на ефективни решенија за специфични деловни случаи и консултирање поврзано со ДДВ, корпоративно и лично оданочување, задржаниот данок и сите други директни и индиректни даноци, локалните даноци и такси, даноци на недвижнини.

Исто така, даночни советодавни услуги поврзани со примена на договори за избегнување на двојно оданочување и подготовка на документација за нивна примена. Претставување пред даночните власти, вклучително и при даночни ревизии и проверки, како и помош при подготовка и пополнување на обрасци за декларација и други форми на известување што ги бараат даночните власти се нашите услуги кои ги обезбедуваме за клиентите.

  • ДДВ
  • персонален данок
  • данок на добивка
  • царини и акцизи
  • социјални придонеси