Подготовка на финансиски извештаи

Финансиските извештаи се сликата на компаниите и врз основа на нив компаниите треба да ги носат нивните идни одлуки. Поради нивната важност ГАЛОП ДВ периодично ги известува клиентите за нивните состојби преку разни форми на финансиско известување. Во зависност од потребите финансиското известување го правиме на месечно, квартално или полугодишно ниво, додека форматот во кој известуваме го утрвдуваме со нашите клиенти.

Целта од финансиски извештаи е да му асистираме на клиентот со цел благовремено да биде инфомиран за финансиските состојби во изминатиот период, и следствено на тоа да донесе корисна одлука за својот бизнис во иднина.

  • Годишна пресметка
  • Компаниски извештаи/1-3-6-12 месеци
  • НБРМ
  • Статистика
  • УЈП